Здравствената состојба на Шумахер повеќе не е мистерија, наскоро ќе оди на операција

Шумахер во 1999 година имаше стравичен инцидент во кој заработи скршеница на ногата/ фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Михаел Шумахер на 29. декември 2013 година доживеа тежок пад за време на скијање во Француските Алпи и оттогаш се наоѓа во кома.

Лечењето на седумкратниот Формула 1 шампиоин, Михаел Шумахер ќе продолжи со операција на мозокот, пренесуваат италијанските медиуми.

Михаел Шумахер / Фото:  EPA PHOTO ANSA/DANIEL DAL ZENNARO

Дека над Шумахер ќе биде извршен нов оперативен зафат потврди и Филип Менаск, славниот доктор кој и во минатото се грижеше за здравјето на поранешниот Ф1 возач.

 

– Целта на операцијата е да се регенерира целтралниот нервер систем на Михаел – изјави Менаск.

Михаел Шумахер на 29. декември 2013 година доживеа тежок пад на главата за време на скијање во Француските Алпи и оттогаш се наоѓа во кома, но неговата здравствена состојба е мистерија за јавноста и фановите, откако неговото семејство одлучи така.

Неодамна хирургот Никола Акиари предупреди дека Шумахер сега е „друга личност“, како последица на страотната несреќа, и истакна „Мора да замислиме личност, многу поразлична од онаа на која се сеќаваме, со изменета и влошена органска, мускулна и скелетна структура“.

Корина Шумахер, сопругата на Михаел /  EPA-EFE/Zsolt Czegledi HUNGARY OUT

Инаку, поранешниот Ф1 возач Фелипе Маса, изјави дека е запознат со деталите за здравствената соостојба на својот поранешен тимски колега.

Маса и Шумахер беа тимски колеги во Ферари во 2006 година, а потоа Германецот беше дел од италијанскиот тим како советник на возачите и инженерскиот тим.

– Знам каква е здравствената состојба на Михаел, ги имам сите информации бидејќи бевме блиски пријатели. Но, мора да ја почитуваме желбата на семејството да не се изнесуваат детали во јавноста – изјави Маса пред две недели.

– Сакаме да се врати на патеката и да биде поддршка на својот син. Би сакал да го видам тоа еден ден.

Синот на Михаел, Мик Шумахер / Фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi HUNGARY OUT

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот