Здравствената состојба на Катица Јанева е стабилна, утре се враќа во Шутка

Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, за ТВ24 изјави дека поранешната шефица на СЈО утре се враќа во истражниот затвор во Шутка.

Здравствената состојба значително и се подобрила по четири дена поминати во приватната клиника „Филип Втори“, каде според адвокатите беше примена во прединфарктна состојба.

– „Најверојатно утре, не знам кое време ќе биде пуштена од болница. Така ме информираше нејзиното семејство. Сега е добро, здравствената состојба и е значително подобрена“- изјави Фрчкоска.

Неделава Апелација треба да одлучи  по барањето на Јанева да се брани од слобода со гаранција од три стана. А Кривичен треба да се изјасни по тоа на Русковска, која  со обвинителниот акт побара и продолжување на притворот за Јанева. Од Кривичен велат дека повеќе информации ќе имаат неделава.

– „Примен е обвинителниот акт за „Рекет“, распределен е на оценкам кога би имало седница ќе се знае неделава. Ќе се одлучува и за барањето за продолжување на притворот“- велат од Кривичен.

Адвокатката на Јанева, Фрчковска пак најави дека ќе приговараат на  обвинителниот акт на Русковска. Но и ако одлуките се негативни, пак ќе побараат Јанева наместо од „Шутка“ да се брани од домашен притвор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот