Здравствен дом во Велес: Трет ден на бесплатната вакцинација против сезонски грип

Фото: mia.mk

Во ЈЗУ Здравствен дом Велес до денес против сезонски грип се вакцинирани 300 граѓани на возраст над 65 години, потоа хронично болни, бремени жени, здравствени работници и деца од 6 месеци до 5 години.

Како што информира за МИА, доктор Пандели Божиков од службата за вакцинирање на ЈЗУ Здравствен дом, вакцинирањето се одвива без проблеми и исклучиво преку упат за „Мој термин“ издаден од матичните доктори. Вакцинирањето се изведува во посебна амбуланта.

– Најголем дел од вакцинираните се постари лица над 65 години и хронични болни, а вакцинирани се и здравствените работници и во помал број бремени жени и мали деца, вели Божиков.

Тој најави дека вакцинирањето ќе продолжи и во наредната недела за што очекуваат нови пратки на дози против сезонски грип.

– Вакцинирањето е со проверена француска четиривалентна вакцина, два типа од Тип А и два типа од тип Б, истакна Божиков.

Освен од Општина Велес, со бесплатна вакцина против сезонски грип се опфатени и жители од Општините Градско и Чашка.

Во ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес сè уште не е почнато комерцијалното вакцинирање против сезонски грип.

Како што информира Анастасија Иванова, директорка на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, очекуваа комерцијални вакцини да добијат до крајот на месецот или на почетокот на декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот