Здравковски верен на кипарскиот АЕЛ Лимасол

фото: ael-fc.com

Како што официјално соопштуваат од клубот, нашиот играч го продолжува договорот со АЕК Ларнака кој ќе трае до 2023 година.

Давор Здравковски (22) кој досега ги бранеше боите на македонската У21 репрезентација, ја поминува и третата година како член на кипарската екипа.

Сезонава во најсилното фудбалско првенство на таа земја запиша 19 натпревари, а поради пандемијата со Ковид-19 шампионатот не го дочека својот крај.

Пред да се пресели на Кипар, ги бранеше боите на Македонија Ѓорче Петров.

Во претходниот период се вртеа шпекулации дека турскиот клуб на Гезтепе покажуваше интерес за услугите на Македонецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот