Здравко Чолиќ се прости од Бора Чорба: „Голем уметник кој прерано нè напушти“

Здравко Чолиќ / Фото: Instagram / zdravko.colic

Пејачот Здравко Чолиќ се огласи во врска со смртта на легендарниот музичар Борисав Ѓорѓевиќ – Бора, познат како Бора Чорба. Тој објави нивната заедничка фотографија и му посвети емотивна порака на својот долгогодишен пријател и соработник.

„Бора, нашиот добар Бора. Голем уметник кој прерано нè напушти. Работевме и се дружевме повеќе од 45 години. Првата песна која ми ја напиша беше ‘Продужи даље’. Се сеќавам дека тоа беше првата песна која ја направи за некого, а да не е за негова група.

Што да се каже за неговите текстови, за неговите песни? Уметнички дела. Уметнички дела кои секогаш ќе нè потсетуваат на големиот Бора. Ти благодарам за сè. Секогаш ќе бидеш во нашите срца“, напиша Чолиќ во својата објава на Инстаграм.

Бора Чорба и Здравко Чолиќ / Фото: Инстаграм/Бора Чорба

Да потсетиме, Бора Ѓорѓевиќ почина денеска на 72-годишна возраст откако беше хоспитализиран поради пневмонија. Најпрво поради тешко воспаление на белите дробови заврши во болница во Љубљана, а потоа состојбата му се влоши и беше ставен на респиратор.

Бора конечно ќе го најде својот мир!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот