Здравко Чолиќ ја продаде вилата за повеќе од милион евра: Никој не знае каде сега ќе живее пејачот

Здравко Чолиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм/Здравко Чолиќ

Регионалната музичка ѕвезда Здравко Чолиќ ја продаде семејната куќа во Кошутњак, Белград за повеќе од еден милион евра. Како што дознаваат српските медиуми тој брзо нашол купувач за имотот, но каде е неговиот нов дом засега не е познато.

Чолиќ ја чува својата приватност во тајност и само најтесниот круг на луѓе се информирани дека се преселил со сопругата Александра и ќерките Уна и Лара. Пејачот најпрвин живеше на Дедиње, каде ја проде куќата, по што купи вила во мирниот дел на главниот град, кај Баново брдо.

Просторот за живеење го менува поради тоа што неговите обожавателите често доаѓале на вратата од неговиот дом и сакале да го запознаат и да се фотографираат, а тоа траело со години.

Неговата вила која брзо и лесно ја продал е опкружена со зеленило, а пред неа има голем двор со две порти кои се под високи безбедносни мерки. Сигурно еден од најубавите делови на куќата е дворот, во кој има и базен. Семејството поминува многу време опкружено со природа, а ќерката Уна често објавуваше фотографии од семејниот дом на социјалните мрежи.

Ќерката на Здравко Чолиќ украла 20 000 евра од дома за да му купи кола на момчето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот