Здрави навики кои ќе ви го продолжат животот за 10 години

Не само што здравиот начин на живот делувал на помал ризик од развивање на ракот, срцеви болести и дијабетес од типот 2, туку и го подобрил начинот на преживување во случаите каде на мажите и жените им е дијагностицирана било која од наведените болести.

Здравиот начин на живот на жените ќе им го продолжат животот за 10 години, додека на мажите за 7 години живот, без болести како што е ракот, кардиоваскуларни проблеми и дијабетесот од типот 2, пишува Бритиш медикал џурнал.

Предуслови за тоа се: редовна физичка активност, умереност во конзумирање алкохол, воздржување од пушење, здрав начин на исхрана и здрава( посакувана) телесна тежина.
Американското истражување се темели на проучување на медицинската документација на 110.000 здравствени работници повеќе од две децении. Главниот автор на студијата др. Франк Ху од Бостонското училиште за јавно здравје на Харвард, смета дека студијата на јавноста ѝ праќа позитивна порака, затоа што со изборот за здрав начин на живот, луѓето не само што ќе живеат долго туку и квалитетно.

Што значи да се живее здраво?

На испитаници на возраст од 50 години поставено им е прашањето – Дали тие се придржуваат кон некои од здравите навики, како:
се воздржуваат ли од пушење, се хранат ли здраво и урамнотежено, практикуваат ли секојдневно умерена или засилена физичка активност со траење од 30 минути, дали нивниот индекс на телесна маса (БМИ) е измеѓу 18,5 и 24,9 и конзумираат ли дневно не повеќе од мала чаша вино.

Жените на возраст од 50 години кои се придржувале до четирите од петте споменати критериуми во просек живееле уште 34 години без дијагноза на рак, срцеви болести и дијабетес од типот 2, што значи 10 години подолго во однос на испитаниците кои не се придржувале до ниеден критериум.
Мажите кои се придржувале до четирите од петте понудени критериуми во просек живееле уште 31 година без наведените болести, што значи седум години подолго во однос на испитаниците кои не се придржувале.

Податоците за разликата меѓу мажите и жените веројатно се поврзани со фактот дека жените во просек живеат подолго, пишува Бритиш медикал џурнал.
Кај мажите кои пушеле повеќе од 15 цигари дневно и дебели мажи и жени (на кои БМИ е поголем од 30), воочен е најкраток животен век без некои од споменатите болести, покажала студијата.

„Но, некои од навиките важеле за двата пола. Не само што здравиот начин на живот делувал на помал ризик од развивање на ракот, срцеви болести и дијабетес од типот 2, туку и го подобрил начинот на преживување во случаите каде на мажите и жените им е дијагностицирана било која од наведените болести”- изјавил Ху.

Научниците во истражувањето се сконцентрилале на развојот на рак, кардиоваскуларните болести и дијабетес од типот 2 затоа што станува збор за трите најчести болести во третата животна фаза кои се тесно поврзани со начинот на живот.

Се верува дека дебелината или прекумерната тежина се поврзани со 13 различни видови на рак, меѓу кои се и ракот на дојката, дебелото црево, бубрегот, црниот дроб и хранопроводот.
Од податоците на британското здружение „Кансер Рисрч“, потенцијалниот развој на рак, дури и 40 отсто, може да се спречи ако луѓето го сменат начинот на живот, пример, ако намалат со конзумирање на производите од месо, во организмот почнат да внесуваат повеќе влакнеста храна и редовно ја штитат кожата од штетните УВ зраци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот