Здравев: Eдногласно судскиот совет утврди Кацарска да биде наш предлог до Собранието

Првиот човек на Судскиот совет Киро Здравев на ТВ 24 изјави дека во текот на 2019 и 2020 година разрешиле 8 судии, а во тек се постапки за уште 83 судии.

-Вангеловски е разрешен поради тоа што советот којшто одлучувал по барање на заштита на законитоста, оттогаш јавниот обвинител не го почитувал правното мислење кое општата седница го има заземено. На таа дебата која се отвори имаше многу мислења – рече Здравев.

Тој посочи дека според Уставот Судскиот совет на Собранието му предлага двајца кандидати за избор на судии во Уставниот суд.

-Врз основа на наша претходна анализа, во комбинација беа повеќе судии и анализата ни покажа дека токму Кацарска е таа судијка, којашто благодарение на долгогодишното судиско искуство, ценејќи го нејзиното навремено постапување по кривичните предмети, едногласно судскиот совет утврди како предлог таа да биде наш предлог до Собранието – истакна Здравев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот