Здрава навика поради која имате трипати поголем ризик од инфаркт

Многумина, освен поради убавината на телото и добрата форма, одат во теретана за да се „издуваат“ од сите фрустрации што се насобрале во текот на денот. Новите истражувања тврдат дека тоа може да биде многу опасно.

Студијата е спроведена на 12.500 пациенти што преживеале срцев удар и сите детално опишале што правеле еден час пред инфаркт. За споредба, тие опишале што правеле и како се чувствувале и претходниот ден. Се покажало дека повеќето еден час пред срцевиот удар или биле лути или вежбале.

Откако ги анализирале податоците, истражувачите заклучиле дека гневот, односно лутината и вежбањето двојно го зголемуваат ризикот од срцев удар. Но, уште полоша е ситуацијата ако вежбате налутени, тогаш ризикот се зголемува трипати, пренесува „Менс хелт“.

Доктор Ендрју Смит вели дека ова е затоа што, поради лутина и вежбање, крвните садови се стеснуваат и затоа не можат да го снабдат срцето со доволно крв, во која на срцето му е неопходен кислород, па доаѓа до срцев удар.

Иако резултатите од студијата се вознемирувачки, треба да се напомене дека тие особено се однесуваат на ризичните групи.

– Ако сте млади и немате проблеми со срцето, можете да вежбате додека сте лути. Кај младите, позитивната страна на вежбањето е многу поголема од негативната страна – рекол доктор Смит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот