Здрава бомба за целиот организам: Што сѐ може да направи еден лимон!

Фото: Unsplash

Ова цитрусно овошје има повеќекратено влијание врз организмот и затоа треба редовно да се користи во исхраната. Се препорачува да исцедите еден лимон во чаша топла или ладна вода и да го пиете на тој начин. Лимонот е богат со витамини и антиоксиданти, а треба да се напомене дека целиот лимон е здрав, вклучувајќи ги и сок и кората од лимонот, доколку е органски.

Ова цитрусно овошје има повеќекратено влијание врз организмот и затоа треба редовно да се користи во исхраната. Се препорачува да исцедите еден лимон во чаша топла или ладна вода и да го пиете на тој начин.

Ќе изгледате помладо

Лимонот може да ви помогне да го одржувате младешкиот изглед благодарение на големата количина на витамин Ц. Истражувањето укажува на тоа дека големиот внес на овој витамин е поврзан со помалку сува кожа и помала појава на брчки.

Го намалува крвниот притисок

Високиот крвен притисок е поврзан со развој на голем број болести, вклучително и откажувањето на бубрезите и срцевиот удар. Лимонот може да помогне во спречувањето на овие состојби, пишува „Јади ова не тоа“. Луѓето кои консумирале барем половина лимон на ден и правеле 7.000 чекори на ден имале значително подобар крвен притисок, се вели во студијата објавена во „Журнал за исхрана и метаболизам“. Секако, не треба да се потпирате само на лимонот ако имате висок крвен притисок, но тој секако може делумно да ви помогне.

Нема да бидете гладни

Ако често се прејадувате, лимонот може да ви помогне бидејќи содржи пектин, кој се наоѓа во кората и пулпата од овошјето, а кој помага подолго да се чувствувате сити.

Помага во губењето на килограмите

Лимонот е богат со полифеноли кои содржат антиоксиданти. Студија покажала дека учесниците што јаделе храна со висок удел со маснотии и полифенолите што се наоѓаат во лимоните, акумулираат помалку маснотии. Исто така, забележано е подобрување на нивото на шеќерот во крвта, лептинот и инсулинот.

unsplash

Помага при воспаленија

Витаминот Ц има антиоксидантни својства кои го ублажуваат воспалението, покажало истражувањето објавена во „Индискиот журнал за клиничка биохемија“. Витаминот Ц е клучен во борбата против воспаленијата и во заштитата на имунолошките клетки.

Лимонот ја олеснува настинката

Лимонот може да ви помогне побрзо да се опоравите од настинката и да го зајакнете имунолошкиот систем. Покрај тоа, витаминот Ц помага при состојби поврзани со респираторните проблеми.

Ќе пиете повеќе вода

Водата помага во губењето на килограмите, го забрзува метаболизмот и обезбедува повеќе енергија. Понекогаш ни станува здодевно да пиеме само обична вода. Ако додадете лимон во обичната вода, ќе добиете одличен освежителен пијалак. Дури и Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) советува да се додава лимон во водата.

Ја спречува појавата на камења во бубрезите

Ако некогаш сте имале камен во бубрег, знаете какви болки тоа носи со себе. Но, ако лимонот е дел од вашата редовна исхрана, можеби нема да мора да се грижите за тоа. Лимонот има голема количина на цитрат за кој е докажано дека ја спречува појавата на камења во бубрезите.

Го подобрува холестеролот

Лимонот е полн со состојки кои се борат против холестеролот, вклучително и витаминот Ц, кој е докажано дека го намалува нивото на лошио холестерол, според една студија. Покрај тоа, лимонот содржи флавоноиди кои го намалуваат нивото на лош холестерол и на триглицеридите.

Добар е за здравјето на мозокот

Иако луѓето често се фокусираат на она што е добро за одредени делови од телото, не треба да го забораваат мозокот. Одредени состојби, како што е Алцхајмеровата болест, може да се појават кај некои луѓе на одредена возраст. Затоа, важно е да обрнете внимание на некои животни навики, но и на исхраната со цел да се намали ризикот од развој на такви услови.

Видео на денот