Здрав рецепт на Викторија Спенџарска Стин: Мафини од морков без глутен

викторија спенџарска стин
Викторија Спенџарска Стин / Фото: Приватна архива

Викторија Спенџарска Стин е мајка на слатките Љубљана и Емона, активист во неколку невладини организации и поборник за здрав начин на живот.

Оваа прекрасна жена стои зад инстаграм-профилот @vegan_viki_, кој ќе ве освои од прва со шаренилото и веднаш ќе посакате да рекреирате некој од нејзините здрави рецепти.

Викторија Спенџарска Стин ни носи несекојдневен десерт: Чизкејк со лимета и зелена мача

Денес Викторија споделува рецепт за мафини од морков од безглутенско брашно.

„Пред некој ден експериментирав со мафини од безглутенско брашно и можам да кажам дека со оглед на тоа што безглутенското брашно нема исти карактеристики како она кое содржи глутен, испаднаа одлично. Го споделувам рецептот со вас но сепак доколку ги правите безглутенски, имајте предвид дека се малку погусти и нема да нараснат како оние обичните, а доколку не ви се ризикува може да ги направите со обично брашно. Се надевам ќе ви се допаднат!“, вели таа.

Потребни состојки:

– 1 банана
– 1/2 чаша безглутенско брашно (јас користев комбинација од кокосово и оризово
брашно)
– 1/3 чаша рендан морков
– 1/3 чаша сецкани ореви
– 1/3 чаша млеко од бадеми
– 1 лажица путер од бадеми
– 1/4 чаша агаве
– 1/4 лажичка цимет
– 1 лажичка прашок за пециво
– кокосов крем за декорација

Подготовка:

Во еден длабок сад измешајте ги бананата, млекото, путерот и агавето а во друг брашното, циметот и прашокот за пециво. Додајте ги сувите состојки во влажните и на крај додајте ги и оревите и морковот. Распоредете ја смесата во калапчиња за мафини и печете на 180 степени околу 25 минути. Најдобар тест да проверите дали се испечени е да боцнете со чепкалка за заби во средина на мафинчето и ако излезе сува – готови се. Извадете го само кремот од конзерва кокосово млеко, миксирајте неколку минути со рачен миксер и декорирајте ги мафините. На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот