Здрав колач со чиа семе и чоколадо

Profimedia

Доколку немате инспирација за подготовка на десерт, а би сакале да пробате нешто ново и едноставно, пронајдовме вистински рецепт за вас.

Чоколадни коцки со чиа семе, покрај тоа што се лесни за подготовка, нудат и богат вкус на чоколада и одговараат за оние што љубители на здрава храна.

Состојки:

3 лажички чиа семе

1/2 филџан вода

1/3 филџан кокосов шеќер

1 лажичка ванила

1/4 лажичка масло од гроздово семе

3 лажички ладна вода

1/2 лажичка морска сол

110 гр. чоколадо за готвење без  шеќер

1/4 филџан какао

1 филџан пченично брашно

Подготовка:

Измешајте го чиа семето со 1/2 филџан вода и екстрат ванила. Загрејте ја рерната на 190 степени, а тавчето обложете ја со хартија за печење. Измешајте шеќер и масло, потоа додадете 3 лажички вода и сол. Гответе на средна температура. Мешајте една минута откако ќе проврие. Тргнете го од огинот и додадете чоколадо и какао. Мешајте додека чоколадото не се стопи. Додадете чиа семе и брашно и истурете го во тавчето да се пече.

Печете го тестото 18 минути.

Почекајте колачот да се олади, исечете го на коцки, послужете го и уживајте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот