Здрав и вкусен рецепт за ручек: Риба со компир во рерна

Рецепт за еден убав, здрав и вкусен ручек…

 

Потребно е:

 

– 1 кг компири

– 500 гр риба по избор

– сол, бибер

– алева пиперка

– мешан сув зеленчук

– пченкарно брашно

– 1 поголема главица кромид

– масло

 

Подготовка:

Тепсијата подмачкајте ја со масло, а компирот исецкајте го на тркалца. Во него додадете алева пиперка, бибер, мешан сув зеленчук и масло и се добро измешајте. Ставете го во подмачкан плех. Меѓу компирите ставете кругови кромид кој сте го посолиле. Рибата посолете ја и извалкајте ја во пченкарно брашно, малку полејте ја со масло и ставете ја на компирот.

Печете на 200 степени околу 50 минути убаво да зарумени.

Пријатно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот