Здрав десерт на Стефанија Несторовска: Палачинки со 3 состојки

Фото: Приватна архива

Речиси сосема обични тенки палачинки – еднакво брзи и лесни за правење, како класичните на кои сите сме навикнати.

Повеќето од нас имаат свој рецепт за палачинки. Стефанија Несторовска, која стои зад инстаграм-профилот и блогот snestorovska.com денеска ни носи своја верзија на палачинки – направени од 3 состојки.

Состојки:

– 90 г (1 филџан) овесни снегулки
– 240 мл (1 филџан) бадемово млеко, или млеко по желба
– 2 јајца
** Јас во смесата не додадов никаков засладувач, но вие можете слободно да си додадете. Мед, јаворов сируп, кокосов шеќер и слично… Јас сакам да додавам врз палачинките така што вака ми беше совршено.

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Се додаваат сите состојки во блендер и се блендира сè додека не се добие кремаста смеса. Смесата треба да биде доста потечна од американски палачинки и лесно да се разлева низ тавата за печење. Ако има потреба, додајте повеќе млеко.

Се загрева тавче за палачинки и се додава малку кокосово масло. Со црпалка се додава малку од смесата и се разлева низ тавата, се остава да се пржи две-три минути односно додека не се појават меурчиња, се превртува и се пржи дополнителни 2-3 минути.

Се продолжува постапката со останатата смеса.

Додадете преливи по желба, завиткајте како палачинка и уживајте во вкусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот