Здрав десерт кој „сам“ се подготвува (РЕЦЕПТ)

чиа пудинг
Фото Профимедиа

За подготовка на овој десерт вие треба да вложите само околу 10 минути, остатокот се подготвува „сам“.

Овој чоколаден пудинг од чиа семе треба да отстои преку ноќ во фрижидер, за да може состојките убаво да се соединат и да го формираат слаткиот вкус.

Потребни состојки за пудингот:

Една шолја кокосово млеко
Една шолја оризово млеко
6 лажички чиа семе
2 лажички јаворов сируп или мед
Две лажички какао

За преливот од малини:

2 шолји свежи малини
2 лажички чиа семе
Една лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Во чинија измешајте ги млеката, чиата, какаото и засладувачот. Оставете да отстои 10 минути, па пак измешајте. Смесата треба преку ноќ да остане во фрижидер.

Малините изгмечете ги со вилушка, додадете го чиа семето и ванилата. И оваа смеса треба да отстои преку цела ноќ во фрижидер.

Наредниот ден префрлете го чиа пудингот во чаши и одозгора ставете од смесата со малини.

НЕОБИЧНА ГРЧКА САЛАТА со пржена лубеница (РЕЦЕПТ)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот