Здодевно реми на АЗ и Јунајтед, Партизан со цел плен во Астана

АЗ Алкмар и Манчестер јунајтед одиграа здодевно реми без голови во второто коло од Лигата на Европа. Холанѓаните беа подобар тим во првото полувреме но не успеаја да ја крунисаат со гол теренската иницијатива. Идентична беше и сликата во второто полувреме, АЗ беше подобар ривал, а за немоќта на Манчестер јунајтед зборува податокот дека немаа ниту еден шут во рамките на голот на противникот.

Ремито во Алкмар го искористи Партизан кој како гостин со 1:2 ја совлада Астана и е лидер на табелата во групата Л со четири бодови. Јунак на „црно-белите“ беше Умар Садик кој ги постигна двата гола, по еден во двете полувремиња, а Астана успеа само да го ублажи поразот со голот на Сигурјонсон во самиот финиш.

Прочитајте и...  Троицки: Јас на теренот полупијан, а Ѓоковиќ ми мафта со сто евра

Резултати:
Астана – Партизан 1:2
АЗ – Манчестер јунајтед 0:0
Башакшехир – Борусија М. 1:1
Бешикташ – Вулверхемптон 0:1
Брага – Слован 2:2
ЦСКА Москва – Еспањол 0:2
Ференцварош – Лудогорец 0:3
Феенорд – Порто 2:0
Олександрија – Гент 1:1
Сент Етјен – Волфсбург 1:1
ВАЦ – Рома 1:1
Јанг Бојс – Ренџерс 2:1

Поврзани вести

Ѓоковиќ нема да игра на Мастерс турнирот во Париз!

Слободен печат

ВИДЕО: Барса пукна „петарда“, Решфорд им пресуди на париските „светци“!

Слободен печат

Кастратовиќ: Имавме проблеми во одбраната, загубивме многу топки!

Слободен печат

ВИДЕО: Го нема Роналдо, тука е Мората – големо изненадување во Русија!

Слободен печат

Лига Европа: Металург поразен на гостувањето во Франција

Слободен печат

Најплатениот играч на Арсенал не е регистриран ни за Премиер лигата!

Слободен печат

Остави Коментар