ЗДФ: Бугарските деца страдаат поради согорувањето на отпадот

Во телевизискиот прилог се наведува дека согорувањето на отпадот е профитабилен бизнис во Бугарија и оти таа земја е еден од најголемите увозници на ѓубре од Западна Европа, каде регулацијата и контролата се на ниско ниво.

Германија е европски шампион во производство на пластичен отпад поради што страдаат и бугарските деца, оцени германската телевизија ЗДФ во репортажа за согорување отпад во Бугарија.

Во репортажата од 7 февруари, како што пренесува денеска БГНЕС, станува збор за нелегалниот увоз и согорувањето отпад во Бугарија.

Во телевизискиот прилог се наведува дека согорувањето на отпадот е профитабилен бизнис во Бугарија и оти таа земја е еден од најголемите увозници на ѓубре од Западна Европа, каде регулацијата и контролата се на ниско ниво.

Германскиот тим го посетил Бобов Дол, каде до неодамна, во локалната термоелектроцентрала се гореше отпад. По извршените инспекции од страна на Еко-инспекторатот, се покажа дека таму се согорувал отпад без потребната дозвола. Германските новинари посочуваат дека воздухот во бугарскиот град е исклучително загаден, и дека проблемот со увезено ѓубре е една од причините што претседателот Румен Радев ја повлече доверба во Владата на Бојко Борисов.

Германските новинари велат дека побарале да се сретнат со претставници на Министерството за животна средина и вода и со сопствениците на термоцентралата „Бобов Дол”, но не им била одобрена средба.

Леспластик Бугарија го преведе на бугарски и го објави на Фејсбук прилогот на германската ЗДФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот