Зборовите кои Европа сакаше да ги чуе: Путин ги зголемува испораките на гас за ЕУ, ​​откако ќе ги наполни руските резерви

Руски гасовод
Фото EPA/ROBERT GHEMENT

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му нареди на рускиот гасен гигант Газпром да ги зголеми испораките на гас за Европската унија откако ќе бидат наполнети руските резерви на гас, пренесува Фајненшл Тајмс.

Во Европа една третина од гасот доаѓа од Русија, но Унијата сега се соочува со зголемени цени на горивата во услови на зголемена побарувачка за гас и подобрена епидемиолошка ситуација во однос на коронавирусот.

Извршниот директор на „Газпром” Алексеј Милер денеска изјави дека се планира да се заврши со полнењето на руските резерви гас до 8 ноември, по што ќе следи зголемување на испораките на гас од ЕУ.

Доколку оваа зима гасот не протече низ Украина, ќе има војна?

Гасната криза и Путин: Тој е уличен борец, а Западот изведува уметничко лизгање во Русија, додека Путин игра хокеј

Москва предупредува: Можна е нова голема криза за гас во Европа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот