ЗБОРНИК СО ТРУДОВИ: Културата на распродажба

Институтот за македонска литература на 20 февруари ќе го промовира Зборникот на трудови „Културата на распродажба: Консумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти“. Зборникот е резултат на Меѓународниот научен собир со дебата „Културата на распродажба: Консумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти“, одржан во Институтот за македонска литература на 28-29 ноември 2018 година, а објавен во декември 2019 година.

Главни уредници на изданието се професорките д-р Ана Мартиноска и д-р Маја Јакимовска-Тошиќ од Институтот за македонска литература, а извршен уредник е м-р Билјана Јоновска-Стефковска. Изданието е објавено со материјална поддршка на Министерството за култура.

Промотори на зборникот ќе бидат Роберт Алаѓозовски и Ана Јовковска.

Целта на Зборникот е научно проследување на културата од аспект на нејзината релација со пазарното општество и актуелните општествени процеси врзани со консумеризмот и комерцијализацијата на уметничките и културните производи. Создаден е како плод на една исклучително продуктивна дебата по повод 10-годишниот јубилеј од Културолошките студии во Институтот.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 18, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 15-16 февруари 2020 година)

Видео на денот