Збогум Сити: Компани експресно пронајде нов клуб!

EPA-EFE

Белгискиот интернационалец имаше големи успеси во дресот на „граѓаните“, со четити освоени титули во Премиерлигата, три во ФА Купот.

Крај на една ера, беше во срцето на одбраната на Сити, дефанзивецот денеска одлучи да ја промени средината, на „Етихад“ забележа вкупно 20 голови.

Според првиот човек на клубот, Халдон Ал Мубарак вели дека многумина имале придонес во успешните резултати на „сино-белите“, но никој не може да се спореди со Компани.

– Една полна деценија беше срцето на овој тим. Неговите лидерски способности, интелигенција и посветеност помогнаа со успех да игра за четири различни менаџери и да ги надмине сите повреди. Со успех одговараше на секое барање од клубот – вели Ал Мубарак.

Најновите информации велат дека Компани ќе продолжи во редовите на Андерлехт каде што и ја започна својата професионална кариера.

Се очекува да ја има улогата на тренер-играч со договор на три години, а пред да се пресели во Премиерлигата, беше дел уште од германскиот Хамбургер.

Помина низ младинските категории на белгиската екипа, играше за сениорите од 2003-2006 година со 73 мечеви и пет постигнати голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот