Збогум ММФ: Кризата во Грција е веќе минато

Грција од своите партнери во еврозоната и од ММФ од 2010 година побара три пакети помош.

Во текот на следните месеци, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе ја затвори канцеларијата во Атина, една деценија по придружувањето на програмата за спасување, која спречи банкрот на Грција, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Тој рече дека Грција ќе ја продолжи соработката со ММФ, но како земја што излегла од рамката на строгиот надзор на ММФ.

Грција од своите партнери во еврозоната и од ММФ од 2010 година побара три пакети помош. Тоа беше неопходно затоа што државата повеќе не можеше да се задолжува на меѓународниот пазар на пари затоа што беше откриено дека со години криела клучни финансиски податоци.

Програмите за помош завршија во август 2018 година. Во периодот додека Грција примаше финансиска помош, невработеноста порасна, примањата на граѓаните повеќепати беа намалувани, а даноците зголемувани.

Атина и понатаму е под надзор на доверителите. Лани Грција предвремено отплати дел од кредитот од ММФ, а владата наведе дека преостанатиот дел ќе биде вратен на почетокот на оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот