Збогатете си ги појадокот и вечерата со мармалад од праски од вашата кујна

Состојки:

3 килограми праски

1 килограм шеќер

1 пакување цимет

2 лимони

Подготовка:

Убаво измијте ги и излупете ги потребните праски. Потоа во подлабок сад со ладна вода во која сте додале сок од два лимона, оставете ги вака подготвените праски да отстојат околу 30 минути, сѐ со цел на овој начин успешно да спречите нивно потемнување, а со тоа и комплетно губење на нивната карактеристична боја.

Откако ќе помине потребното време, обидете се да ги исцедите праските колку што можете подобро.

Префрлете ги во тенџере, додајте им го шеќерот и циметот и оставете го мармаладот убаво да се свари.

Мешајте постојано за да спречите негово загорување.

Вака подготвениот мармалад, складирајте го во стаклени тегли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот