Заврши акцијата на северот на Косово, специјалната единица си замина заедно со двајцата уапсени (ФОТО)

Газета Експрес

Во полициската акција во српските општини на Косово, која започна околу шест часот утринава, уапсени се две лица. Станува збор за синот на Жељко Бојиќ, оперативен шеф на Косовската полиција и Радо Басара, двајцата уапсени кои се поврзани со убиството на политичарот Оливер Ивановиќ, јавува Експрес.

Специјаланата единица веќе заминала за Приштина со двајцата уапсени, кои се интервјуираат во објектот на Специјалното обвинителство.

Специјалниот обвинител Сул Хоџа кој го истражува случајот, за Експрес изјавил дека ова акција е реализирана врз основа на наредба од Специјалното обивнителство со одлука на Основниот суд во Приштина, односно Секторот за тешки злосторства.

Газета Експрес

– Можам да ја потврдам акцијата. Во моментов уапсивме две лица а уште едно лице се бара. Нивното апсење е во врска со прикривање на докази во врска со случајот на убиството на српскиот политичар Оливер Ивановиќ. Но, постојат сомнежи и за учество во организиран криминал – изјавил Хоџа за Експрес.

Во ова акција, се верува дека учествувале 100 полицајци на специјалната единица на Косово со 25 оклопни возила.

Газета Експрес

Инаку Оливер Ивановиќ, поранешен министер и пратеник во косовското Собрание беше претседател на СДП, а беше убиен на 16 јануари 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот