Завршува зимскиот распуст: Основците и средношколците од утре повторно пред ИТ уреди или во училишни клупи

Денеска е последниот ден од зимскиот распуст за основците и за средношколците кои од утре продолжуваат ќе се вратат на настава, пред ИТ-уредите или во училишните клупи, со второто полугодие од учебната 2020/21 година.

Согласно со измените на Календарот за организација на работата на училиштата (основни и средни), првото полугодие во оваа учебна година почна еден месец подоцна, односно на 1 октомври, а бројот на наставни денови е намален од 180 на 159.

Денеска е последниот ден и за праќање по електронска пошта до МОН за коментари, предлози и сугестии за Нацрт-концепцијата за основното образование која е поставена на веб-страницата на Министерството за образование и наука.

Министерката Мила Царовска во петокот соопшти дека по завршување на рокот за коментари по мејл (20 јануари), ќе продолжат усните дебати со сите засегнати во процесот за, како што рече, „да се расчистат дилемите кои намерно или ненамерно беа наметнати во јавноста”.

– МОН и работната група што ја направи концепцијата, ќе ги земе предвид конструктивните коментари и во наредниот период ќе треба заеднички да ја донесеме новата концепција и да почнеме во наредната училишна година, изјави Царовска во петокот.

Таа денеска ќе има средба со директорите на основните училиштата во врска со нацрт-концепцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот