Завршува преодниот рок, време е да одлучи Икарди!

Според италијанските медиуми, се очекува Аргентинецот да се раздели со „неро-аѕурите“, а нема никакви најави дека ќе направи трансфер во Јувентус.

Досегашниот капитен на Интер ги договорил личните услови со ПСЖ, така што се очекува на последниот ден од летниот преоден рок во Италија да се пресели во „градот на светлоста“.

Икарди е во трка со време да обезбеди нов договор со тимот од „Џузепе Меаца“, па можно е да си замине во францускиот шампион како позајмица со можност да биде откупен.

Неговата сопруга Ванда Нара во емисијата „Тика Така“ им откри на новинарите дека два клуба се во игра, Валенсија и ПСЖ.

Веднаш ја отфрли можноста за преселба во Бока јуниорс иако таа приказна како онаа на Де Роси би била навистина одлична.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот