Завршува обновата на улицата Манчу Матак во Хром

Фото: Општина Ѓорче Петров

Хром добива целосно реконструирана сообраќајница со поставена нова мрежа за атмосферска канализација и обновени тротоари, информира градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Викендов, како што вели градоначалникот, започна завршната фаза од реализацијата на реконструкцијата на улицата Манчу Матак, улица која со децении беше во лоша состојба, а е лоцирана во урбаното јадро во општината.

На улицата досега е извршена целосна реконструкција на коловозот во должина од 750 метри, поставена е нова атмосферска канализација, обновени се тротоарите и извршена е реконструкција на електричната инсталација и мрежата по трасата.

Наредната недела следи поставување на финалниот асфалтен слој и обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација – информира Стојкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот