Завршува љубовта со Баерн, Робен има понуда од Премиер лигата!

Фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

И покрај неговите 35 години, како што тврди „Дејли Мејл“, можно е да продолжи со активното играње фудбал и се врати во Англија, поточно во редовите на Лестер, а обложувалниците даваат најмала квота дека играчот ќе заврши во овој тим.

Освен популарните „лисици“, и првите луѓе на ПСВ Ајндховен изразиле желба да го ангажираат еден од најдобрите фудбалери во историјата на холандскиот фудбал.

– Тоа е една од опциите, но не знам што ќе се случи на крајот. Не е лесно да се донесе одлука. Ако продолжам да играм, ќе морам да го најдам вистинското место не само за себе, туку и за семејството – рече Робен чиј договор со Баерн истекува ова лето.

Се шпекулира својот последен меч во дресот на Баерн, Робен најверојатно ќе го има во финалето на националниот Куп против Лајпциг на 25 мај (сабота).

Пред да направи трансфер на „Алијанц“ арената во 2009 година, настапуваше уште за Гронинген, ПСВ, Челзи и Реал Мадрид.

За баварскиот клуб одигра вкупно 308 натпревари, стрелец на 144 голови. Освојувач на осум бундеслигашки титули, четири во германскиот куп, по еден трофеј во ЛШ и УЕФА Супер купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот