Завршува јавниот повик за субвенции за инвертери, досега поднесени 5000 барања

Завршува јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, информира Град Скопје.

Од отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери досега се поднесени 5000 пријави. Во согласност со овие бројки, Градот информира дека е исполнета предвидената квота за субвенции, па барања од граѓаните за субвенции за инвертери повеќе нема да се примаат.

Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ. На овој повик граѓаните аплицираа онлајн.

За граѓаните кои аплицирале за субвенции за инвертери и ги исполнуваат условите во тек е процесот на предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување.

– Во Буџетот на Град Скопје за 2020 година за оваа намена се предвидени 322 милиони и 400 илјади денари, обезбедни од Владата на Република Северна Македонија и со овие средства се очекува замена на некаде околу 5.000 печки со инвертери, односно околу 5.000 оџаци помалку во скопската котлина, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот