Завршниот турнир во СЕХА лигата ќе се одржи во Задар

Фото: Денис Дуковски/РК Вардар1961

Денеска СЕХА објави дека последните натпревари од регионалното натпреварување ќе се одиграат на 3 и 5 септември 2021 година во Задар, Хрватска.

На 3 септември се закажани полуфиналните натпревари, а два дена подоцна дуелот за третото место и големото финале.

Втора година по ред повторно Ф4 турнирот ќе се одржи во Задар кој беше домаќин и во сезоната 2019/20 кога титулата ја освои Веспрем со победата над Вардар.

Во четвртфиналето Вардар 1961 за противник го има ППД Загреб, додека Е. Пелистер ќе се соочи со Мешков Брест.

„Црвено-црните“ ќе го пречекаат хрватскиот претставник во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје во првиот меч на 26 август, а реваншот е во Загреб на 31 август.

На останатите две пресметки, Татран Прешов за ривал го има Мотор Запорожје, а Нексе ќе се обиде да направи изненадување против Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.

Официјално: Француски и кубански бек за посилен Вардар 1961

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот