Завршниот Самит од Берлинскиот процес преминува онлајн

Завршниот самит од копретседателството на Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес, кој е најавен за в понеделник и вторник во Софија, нема да се одржи со физичко присуство. Од бугарското Министерство за надворешни работи за Слободен печат потврдија дека средбата на лидерите од регионот ќе се одржува целосно онлајн, а на самиот крај од дводневниот самит ќе следува и прес-конференција, која ќе може да се следи преку фејсбук. На прес-конференцијата, според очекувањата, најверојатно ќе се обратат премиерите на двете земји, Зоран Заев и Бојко Борисов. 

Голем број дипломати и експерти се сомневаа во успешноста на копретседавањето со Берлинскиот процес, со кое се очекуваше политичко и економско приближување и соработка на земјите од регионот. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи неодмана истакна дека допрва граѓаните ќе видат опипливи резултати.

Како најголеми предизвици оваа година за самиот процес, кој е инаку под германско покровителство, се исправија корона кризата, но и предвремените парламентарни избори во земјава. Сличен став, за Слободен печат, споределуваат и од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

– Претседателот Пендаровски смета дека и покрај предизвиците со кои заеднички се соочуваме со пандемијата на КОВИД-19, копретседателството на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес се одвива успешно, со оглед на широкиот спектар на теми и програми кои се дел од овој процес со кои се зајакнува соработката и интеграцијата на регионот, економските прашања, до соработка на граѓанскиот сектор, велат од Вила Водно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот