Завршни зборови за „Транспортер” на 2 март

Судот го отповика денешното рочиште за да можат страните да се подготват за завршните зборови.

Судењето за случајот „Транспортер” продолжува на 2 март, кога треба завршни зборови да дава обвинителството.

Судот го отповика денешното рочиште за да можат страните да се подготват за завршните зборови.

Во „Транспортер” обвинети се поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Предметот го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Трајче Пеливанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот