Завршни зборови во „Рекет“, одбраната со реакција дека поротник е со изминат мандат

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во Кривичнот суд во Скопје, почнаа завршните зборови за предметот „Рекет”. Пред да почне рочиштето, одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски, реагираше дека член на судечкиот совет е со изминат мандат. Но, после кратка пауза судијката Васка Николовска-Масевска, достави доказ дека на наведениот судија поротник мандатот му започнал во јули 2018, а не како што тврдеше адвокатот Сашко Дуковски, дека мандатот му почнал од декември 2015.

Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај специјална обвинителка Катица Јанева, исто така обвинета во „Рекет”, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев, да добие поблаги мерки во истражната постапка.

Меѓу обвинетите за овој предмет каде прв пат во историја на државата во обвинение е опфатен еден обвинител беше и Зоран Милевски – Кичеец, но уште на првото рочиште тој ја прифати вината и Кривичниот суд го осуди на три години затвор (неправосилна одлука).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот