Завршни зборови на обвинителство за „Трезор“

Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Со завршни зборови на обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за предметот „Трезор“, кој се однесува за злоупотреба на средства од Буџетот на државата во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК.

За набавката на опремата обвинителството тврди дека наместо МВР да ја прави директно со фирмата од Велика Британија, како најекономичен начин, тие договориле набавката да се изврши преку друга фирма – посредник.

Случајот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО.

Завршните зборови на одбраната се закажани за 29 март 2021 година.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР,  Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР,  Горан Грујевски. Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот