Завршна битка за тронот, Ѓоковиќ му препушти само три гема на Беретини

twitter/ATP Tour

Ѓоковиќ очекувано во два сета со 6:2,6:1 го совлада Италијанецот Матео Беретини во првиот натпревар на завршниот Мастерс во Лондон каде ќе падне одлуката кој тенисер ќе ја заврши годината на првото место на АТП ранг листата.

Младиот италијански тенисер, очекувано во дебитантскиот настап направи многу грешки и му ја олесни работата на Ѓоковиќ кој „додаваше гас“ во моментите кога беше потребно.

Со еден брејк во првиот и два во вториот сет успеа да го победи Беретини. Вториот дуел од оваа група ќе се игра вечерва (21 ч.) помеѓу Роже Федерер и Доминик Тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот