Завршија субвенциите за велосипеди од Град Скопје

Фото: Архива

Од Град Скопје ги информираат граѓаните дека денеска го затвора јавниот повик за субвенционирање на купувањето велосипеди за 2019 година, бидејќи се исцрпени предвидените финансиски средства. Со тоа, барања за субвенции за велосипеди од утре (28.05.2019 година) вторник, нема да се примаат.

На овој јавен повик досега биле пристигнати 3.472 барања од граѓаните за субвенционирање на купувањето велосипед.

Затворањето на повикот е во согласност со член 4, став 4, од Правилникот за користење финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот