Завршија протестите во Албанија, Баша: Тие што ја водат земјата не се свесни за тоа што допрва ќе дојде

Љуљзим Баша/ Фото: EPA

Претседателот на најголемата опозициска партија на Албанија, Љуљзим Баша, на денешните протести во својот говор кој го одржа во градот Елбасан, пред насобраните граѓани кои протестираат против власта упати силни критики кон актуелниот албански премиер, Еди Рама.

„Протестите немаат никаква поврзаност со индивидот Еди Рама, тие се поврзани со феноменот Еди Рама, којшто ги држи под заложништво Албанија и албанските институции, којшто е проблем за Албанија и за иднината на албанците, и ќе биде проблем за регионот и за иднината на регионот.“ изјави Баша.

Баша нагласи дека граѓанската непослушност не ни почнала и дека блокирањето на улиците само за два часа не е граѓанска непослушност.

„Граѓанска непослушност ќе биде кога улиците ќе бидат затворени 24 часа и 7 дена во неделата. Тие што ја водат земјата не се свесни за тоа што допрва ќе дојде, тие сеуште ништо немаат видено.“ нагласи Љуљзим Баша.

Протестите беа помасовни од претходните протести и се одржаа во повеќе градови во Албанија, опозициската партија бара отказ од сегашната влада и предвремени избори без Еди Рама и неговата екипа и најави уште помасовни протести повторно на 11 мај во Тирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот