Завршија истражувањата на локалитетот Кале, пронајдени две плочи со букви од глаголицата

На овој археолошки локалитет се истражува по 40 години, а академик Блага Алексова во своите истражувања наведува дека овде бил градот Равен, каде што Кирил ја напишал глаголицата, а Методиј бил назначен за епископ.

Завршија археолошките истражувања на катедралниот храм со мартириум на археолошкиот локалитет Кале во село Крупиште, Општина Карбинци, објави денеска директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип, Митко Штерјов.

-Археолошките истражувања резултираа со откривање на катедралниот храм со димензии 28.5х30 м. со концепција на троброден храм со наос, нартекс, егзонартекс и мартириум во јужниот брод. Катедралниот храм е изграден врз доцноантичка базилика со мартириум од IX и X век каде се пронајдени и две плочи со букви од глаголицата, додека постоечкиот катедрален концепт го добива од XI до XIII век, вели Штерјов.

Тој додаде дека во егзонартексот откриена е доцноантичка гробница и гробови кои датираат од XI до XIII век. Од гробните прилози откриени се стаклени бронзени белегзии и монети од истиот период.

На овој археолошки локалитет се истражува по 40 години, а академик Блага Алексова во своите истражувања наведува дека овде бил градот Равен, каде што Кирил ја напишал глаголицата, а Методиј бил назначен за епископ.

Истражувањата на археолошкиот локалитет Кале чинат 400.000 денари, а се обезбедени од Министерството за култура. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот