Заврши заложничката криза во францускиот затвор со висока безбедност

unsplash
Затвор / Фото: Архива

Се предаде затвореникот кој зеде двајца стражари како заложници во францускиот затвор со висока безбедност, јави министерот за правда Ерик Дупон-Морети

„Ситуацијата со заложниците е завршена. Затвореникот се предаде”, напиша францускиот министер на Твитер, пренесоа британските медиуми.

Министерството за правда објави дека затвореникот се предал по преговорите со полициските сили.

Наведено е дека затворската чуварка не е повредена, како и дека и е пружена психолошка помош, додека на другиот повреден чувар му е пружена медицинска помош.

Француската телевизија „БФМТВ” објави дека маж-чувар се здобил со повреда на десното око, како и дека затвореникот издржува долгогодишна затворска казна за силување и убиство.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот