Заврши „Вимблдон“ за првата тенисерка на светот!

Барти која е прворангирана на ВТА листата не успеа да се пласира во Топ 8 најдобри во Лондон, беше поразена од Риск со 3:6, 6:2 и 6:3.

До втората победа во исто толку дуели со Барти дојде после еден час и 37 минути игра. Американската тенисерка во првиот сет не го пронајде вистинскиот ритам, нејзината противничка доминираше и поведе со 1:0.

Следуваше пресврт, Риск го подигна нивото на игра, започна подобро да ги враќа топчињата, што и донесе и триумф на крајот.

За пласман во полуфиналето Американката ќе игра со победничката од пресметката Серена Вилијамс (САД)-Суарез Наваро (Шпанија).

Завршија уште три осминафинални средби во женска конкуренција, Свитолина со 6:4 и 6:2 ја совлада Мартиќ, Стрицова ја исфрли Мертенс, а Женг со 2:1 беше подобра од Јастремска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот