Заврши уште една средба без договор за формирање влада помеѓу Курти и Мустафа

Фото: Принтскрин

Потпаролот на Демократската Лига на Косово, Бесим Мустафа, ги извести медиумите дека завршила средбата помеѓу лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти и тој на ДЛК, Иса Мустафа.

И после оваа нова средба не е постигнат договор за формирање на влада.

Мустафа само рече дека двајцата лидери се договориле да ги интензивираат средбите, без да каже кои се точките кои ги делат двете партии.

– Средбата започна во 17.00 часот и веќе заврши. Двајцата лидери се договориле за интензивирање на средбите се до постигнување на договор за формирање на влада – истакна Мустафа.

И Самоопределување излезе со соопштение во кое се вели дека двајцата лидери се договориле за интензивирање на средбите се додека не се постигне конечен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот