Заврши трпението на Мицкоски, опозицијата излегува на улица

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски од Гевгелија им порача на граѓаните да веруваат во подобра иднина и најави дека од денеска ВМРО – ДПМНЕ излегува на улиците и плоштадите.

– Знам дека ова се тешки моменти, знам дека сите ние очекуваме да добиеме чист датум за отпочнување на преговорите со ЕУ. Сите ние веруваме во европска иднина и ќе продолжиме да веруваме, но нема да нè водат политичари лажливци, коишто само ветуваат, а  ништо не исполнуваат – рече Мицкоски.

Тој вели дека доаѓаат луѓе со силна биографија кои знаат како треба Македонија да ја внесат во Европската унија. За што Мицкоски е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на предвремените парламентарни избори во најава, а неговата влада ќе може државава да ја внесе во европското семејство.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ рече дека како партија му дале шанса на процесот и рече дека  „17 октомври е денот кога завршува концесијата“, ден кога завршува трпението на опозицијата.

– Од денеска за опозицијата 24 часа на ден домот ќе биде плоштадот, улицата, вратата на нашите соседи и нашите сограѓани ширум целата Македонија. Сите сме ние денес иста генерација и делиме иста судбина. Од денеска започнува последната пресметка, од денеска ја најавувам големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ – рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот