Заврши средбата Тачи – Гренел, немаше изјави за медиумите – Слободен печат
ВестиРегион

Заврши средбата Тачи – Гренел, немаше изјави за медиумите

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, се сретна со специјалниот пратеник на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп за косовско-српските мировни преговори, американскиот амбасадор во Германија Ричард Гренел, а по средбата ниту едниот ниту другиот не дадоа изјави за медиумите, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи го прими Гренел во својот кабинет, каде што медиумите имаа прилика да снимаат, но нема можност да ја проследат средбата или да земат изјави од соговорниците.

По посетата на Приштина, Гренер утре, според најавите, ќе отпатува за Белград, каде што треба да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Заедно со Гренер во Косово не допатува американскиот пратеник за Западен Балкан Метју Палмер, како што тоа претпладнево преку објава на Твитер го најави американскиот амбасадор во Косово Филип Коснет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close