Заврши средбата на Заев со партнерите, Тито Петковски вели дека барањата на Алтернатива се максималистички

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и лидерите на помалите партии во коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ / фото: СДСМ

Заврши средбата на премиерот Зоран Заев со партиите од владината коалиција на која тој ги информира за договорот за влегување на Алтернатива во Владата.

По средбата, Тито Петковски, претседател на НСДП во изјава за медиумите рече дека разговарале околу тоа што како коалиција треба да направат за земјава да не се втурне во предвремени парламентарни избори.

– Мислам дека на Македонија во овој момент не и се потребни вонредни парламентарни избори. Мислам дека е добро што се зголемува парламентарното мнозинство за уште четири пратеници. Останува еден од БЕСА и четворица од Алтернатива што сметам дека е пристојно парламентарно мнозинство, рече Петковски.

Според него, Алтернатива го искористила моментот кога на Владата и треба помош, за да истапи со „максималистички” барања. Петковски вели дека не станува збор за зачувување на државните интереси, туку за „преферирање на партиските интереси, да се добие политички профит и функции“, наместо на прво место да се евроинтеграциите.

тито петковски
Тито Петковски / Утрински брифинг

– Ако гледате низ призма што се нуди со зголемувањето на парламентарното мнозинсво и што бара Алтернатива, проценител ќе каже дека Алтернатива бара многу од СДСМ и коалицијата. Местата што ги бара Алтернатива досега биле покриени од други политички партии. Не станува збор за новоотворени места, туку за места кои ги имале СДСМ, ДУИ, БЕСА и ДПА. Не се измислуваат нови работни места. Тоа ќе го добиете како детално објаснување и од премиерот и од Алтернатива, рече Петковски.

Тој додаде дека НСДП како партија не бара ништо и оти е најважно да се зголеми парламентарното мнозинство и Владата да има сигурна поддршкка.

Мирослав Јовановиќ од Српска странка изјави дека преговорите ќе траат уште една недела.

– После, кога ќе биде новиот претседател на СДСМ кој ќе се избере на 12 декември, заедно со премиерот да седнеме и да се договориме за сите детали, мислам дека идната недела околу 14-ти треба да се договориме за сите детали, рече Јовановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот