Заврши средбата Ахмети-Палмер

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во Американската амбасада се сретна со заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, Даниел Костеланчиќ, директор за Балканот во Американскиот Стејт Департмент и амбасадорката на САД, Кејт Брнс.

Ахмети, како што соопштија од ДУИ, со нив разменил мислења за политичките случувања во земјава, членството во НАТО како и предвремените избори.

Ахмети рекол дека ДУИ гарантира на Преспанскиот, Охридскиот, како и Договорот за добрососедство со Бугарија од кои нема враќање назад во ниту еден случај.

Тој им се заблагодарил за големата помош во напорите на земјава за добивање на датумот за преговори со Европската Унија и за членство во НАТО во следните месеци.

– САД потполно ги поддржуваат евроатлантските напори на Северна Македонија и реформите во земјата, посебно на владеењето на правото. На средбата се дискутираше и за интензивните реформи во рамките на Демократската Унија за Интеграција како и за предвремените парламентарни избори – соопштија од ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот