Заврши спасувачката акција во Бејрут: Нема повеќе знаци на живот под урнатините

Бејрут, Либан / 4 август 2020 / Фото: EPA-EFE / NABIL MOUNZER

Спасувачките екипи кои ги пребаруваа урнатините во Бејрут по силната експлозија од минатиот месец, тврдат дека нема повеќе знаци на живот и дека никој повеќе не може да биде спасен.

Уред со сензори открил можни знаци на живот во четвртокот, но спасувачите не го пронашле изворот откако отстраниле 95 отсто од урнатините, пишува Би-Би-Си.

Околу 50 волонтери, вклучително и тим од Чиле, работеа на локацијата. Откако уредот открил потенцијални знаци на живот, луѓето се собрале, очекувајќи да се случи чудо и да се најде преживеан. Сигналот доаѓал од длабочина од три метри.

Напорите на спасувачките екипи сега ќе бидат насочени кон пронаоѓање на посмртните останки на жртвите.

Бејрут беше уништен од експлозија од 2.750 тони амониум нитрат во август.

Во експлозијата загинаа околу 190 лица, а околу 6.000 беа повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот