Заврши состанокот на Главниот штаб, во 14 часот седница на Управувачкиот комитет во Влада

Заврши третата седница на која Главниот штаб за управување со кризи го разгледа планот на Министерството за здравство, кои објекти ќе треба да се обезбедуваат.

Како што информираат од ЦУК за МИА, во 14 часот треба да се одржи седница на Управувачкиот комитет во Владата.

Во секој момент се очекува в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов да соопшти детали од седницата на Главниот птаб.

Тој во изјава за МИА вчера објасни дека Акцискиот план ќе се операционализира од страна на МВР, а Армијата при обезбедувањето само ќе и асистира на полицијата и ќе биде на своите позиции без оружје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот