Заврши снимањето на филмот „Живи и здрави“

Агенцијата за филм присуствуваше на последните снимачки денови на црногорскиот филм „Живи и здрави“ по сценарио и во режија на Иван Мариновиќ, и во копродукција на македонскиот „Круг филм“.

„Живи и здрави“ е втор филм на Мариновиќ. Актерската екипа ја сочинуваат звучни имиња, како Никола Ристановски, Тијана Лазовиќ, Горан Славиќ, Момчило Пиќуриќ, Горан Богдан, Сњежана Шишков-Синовчиќ, Дејан Ѓоновиќ, Мирјана Јоковиќ и Драгана Дабовиќ. Автор на музиката е македонскиот композитор Тони Китановски.

Приказната е за идна невеста што одбива да се мажи, па безмилосниот патријарх на семејството на младоженецот ѝ предлага да ја одглуми свадбата и следниот ден да оди каде сака. Невестата се согласува, иако младоженецот се надева дека таа ќе остане. Традиционалната свадба вбројува апсурдни настани, потопени во алкохол, пукотници и динамит, што ќе ги изнесе на виделина најлошите карактеристики на ликовите.

Проектот е поддржан од Филмскиот центар на Црна Гора, Филмскиот центар Србија, Чешкиот филмски фонд, Хрватскиот аудиовизуелен центар (HAVC), Агенцијата за филм на С Македонија, Словенечкиот филмски центар, МЕДИА на „Креативна Европа“, „Си синема нетворк“, „Еуримаж“, Порто Нови, Туристичката организација на Херцег Нови и општината Херцег Нови. Снимањето почна минатиот месец, а заврши на 23 јуни. Филмот се снимаше на повеќе локации во Црна Гора.

(Текстот е објавен во ТВ и Филмски печат на 24 јуни 2022 во весникот „Слободен печат“)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот