ЗАВРШИ СЕРИЈАТА ГЛАСАЊА: Хант и Борис Џонсон единствени кандидати за местото на Меј

По серијата гласања, Џонсон и Хант останаа единствени кандидати со најголема поддршка за нов заменик на позицијата на Тереза Меј, додека од трката се елиминирани министерот за екологија Мајкл Гоув и министерот за внатрешни работи, Саџид Џавид.

Џонсон во последниот круг од гласањето доби 160 од 313 гласови и важи за голем фаворит во пресрет на изјаснувањето на околу 160.000 членови на Конзервативната партија. За Хант гласале 77 пратеници.

Победникот, кој на чело на партијата и на Владата, ќе ја замени премиерката Тереза Меј, ќе биде познат на крајот на јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот