Заврши реконструкцијата на булеварот „Видео Смилевски-Бато”

Со бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација заврши целосната реконструкција на коловозот од булеварот „Видое Смилевски Бато” во населбата Ново Лисиче во општина Аеродром.

На потегот од крстосницата со булевар „Србија” до булеварот „Февруарски поход”, во должина од  700 метри во двете насоки, освен обнова на асфалтот, беше направена и нивелација на постојните шахти и сливници за одведување атмосферска вода, како и замена на оштетените рабници на булеварот.

– Град Скопје со оваа реконструкција направи уште еден градежен зафат што во иднина ќе влијае врз олеснувањето на сообраќајниот метеж во овој дел од градот, бидејќи со целосната реконструкција на булеварот Февруарски поход, завршувањето на првата фаза од изградбата на булеварот АСНОМ, како и градбата на новиот мост од улица  Васко Карангелевски кон Ќерамидница, граѓаните ќе добијат уште една сообраќајна алтернатива за намалување на времето што го поминуваат во возилата, се наведува во денешното соопштение од Град Скопје. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот