Заврши расправата за законот за ЈО, разрешувањето на Мизрахи на дневен ред

Заврши расправата по Предлог-законот за јавно обвинителство, а гласањето ќе се спроведе кога координаторите на пратеничките групи ќе го обезбедат потребното мнозинство, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Џафери даде пауза до 22 часот кога, како што најави, ќе почне 136. седница на чиј дневен ред се четири точки: разрешувањето на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, Предлог-законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка, како и Предлог-законот за дополнување на Законот за лична карта во прво читање.

– Видете која е иронијата починтувани колеги Фејсбук – мејкери. Ме ставивте вчера во топовско место ја почнав седницата во 22 часот. Денеска 21.15 завршува расправата и кај сте сега? Сега објавувам пауза од еден час за координаторите од мнозинството да ми кажат кога да продолжам со седницата – рече Џафери.

На 135. седница освен Предлог-законот за ЈО е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители.

Џафери попладнево рече  дека Собранието ќе работи без прекин, додека не се распушти.

Седницата за распуштање е закажана за недела во 12 часот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот